Нестле казнет со 20 милиони евра

33

nestleФилијалата на компанијата Нестле во Германија мора да плати казна од 20 милиони евра поради споделување на чувствителни информации.

Разменетите информациите се однесувале на производи како што се слатки, топли пијалаци, храна за миленичиња и замрзнати пици.

“Високо рангирани службеници задолжени за пласман, во период од неколку години се сретнувале и разменувале информации со трговците на мало, а до одреден степен планирале зголемувања на цените”, стои во соопштението на Канцеларијата за заштита на конкуренција.

Германските единици на Kraft Foods Inc., Unilever и Dr. Oetker веќе беа казнети со 38 милиони евра, како дел од истата истрага во 2011 година.

Паричната казна за Нестле беше намалена поради тоа што соработуваше во истрагата.

Канцеларијата исто така го осудува и картелскиот договор меѓу Nestle и Kraft, кој резултираше со зголемување на цената на инстант капучиното.