Пораст на цените на угостителските услуги во април

35

restoran-pexels

Фото: Pexels

Цените на угостителските услуги во април оваа година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1%, Безалкохолни пијалаци за 0,7% и Ноќевања за 3,1%, додека во групата Алкохолни пијалаци има намалување за 0,2%.

Цените на угостителските услуги во април 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемен за 1%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,5%, додека во однос на декември 2016 година се зголемени за 0,1%.