Фото: Pixabay
Во март оваа година се издадени 384 одобренија за градење, што е за 95,9% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.995.016.000 денари што е за 139,1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 232 (60,4%) се наменети за објекти од високоградба, 63 (16,4%) за објекти од нискоградба и 89 (23,2%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 384 објекти, на 245 (63,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 (36,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 929 станови со вкупна корисна површина од 75.886 метри квадратни.