Фото: Pixabay
Вкупното количество на зафатена вода на индустриските претпријатија во 2015 година изнесуваше вкупно 4.282.000.000 метри кубни, при што секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има најголемо учество од 99,4%.
Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество на вода е од површински води, 49%. Вкупното количество на користена вода во 2015 година изнесуваше 4.281.000.000 метри кубни. Од вкупно испуштените води, пречистени се 0,4%.
Прикажаните податоци на Државниот завод за статистика претставуваат резултати за зафатени, користени и испуштени води во 2015 година.