Фото: Pixabay
Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз, во првото тримесечје од оваа година во однос на истиот период лани, е зголемен за 6,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 1,4%, во приградскиот превоз за 15,9%, во меѓународниот превоз за 23,8%, додека во меѓуградскиот превоз намалувањето изнесува 0,8%.
Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 0,9%.
Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 7,3%, во приградскиот превоз е зголемен за 11,3%, во меѓународниот превоз за 4,5%, додека во меѓуградскиот превоз намалувањето изнесува 6,9%.
Во првото тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 14,7%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 7,8%, во приградскиот превоз за 18,6%, во меѓународниот превоз за 40,3%, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 2,8%.
Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на патнички километри е зголемен за 14,7%.
Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 14,2%, во приградскиот превоз за 35,8%, во меѓународниот превоз за 27,7%, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 12,1%.