Фото: Pixabay
Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во март оваа година, изнесува: 664.441 МWh електрична енергија, 13.557 мил. нм3 природен гас, 452.343 тони јаглен и 84.320 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бруто – домашното производство на електрична енергија учествува со 65,3% во бруто – домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,3% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.