Fundraisers – платформа на Facebook за добротворни акции

40

fundraiser-examples

Фото: Facebook

Компанијата Facebook ја претстави платформата Fundraisers наменета за собирање на средства за лични потреби. Како што соопштија од Facebook, корисниците на социјалната мрежа ќе можат брзо и едноставно да покренат акција за собирање на добротворни прилози. Потенцијалните донатори може во неколку чекори да дознаат за личноста која ја покренала акцијата, кој ќе ги прими парите и кој има донирано.

“Во март започнавме со тестирање на Fundraisers, нов производ којшто им овозможува на луѓето да соберат пари за нив, пријател или болни миленичиња директно од Facebook“, стои во соопштението на компанијата.

Луѓето ќе може да собираат пари за: образование (за школарина, книги, опрема за училници), здравје; домашни миленици; кризни ситуации (природни катастрофи); лични кризни ситуации (пожар, кражба на автомобил); смрт (за покривање на трошоци за погреб); спорт и за заедницата (подобрување на условите за живот во околината).

За да се иницира акцијата корисникот треба да се поврзе на линкот, да дефинира за кого собира пари, да осмисли наслов на акцијата и да напише приказна. Facebook секоја акција ќе ја прегледа и одобри или забрани во рок од 24 часа. За да се заштита од измами Facebook воведе надомест кој изнесува 6,9 % од донираниот износ плус 0,30 долари.

“Целта на Facebook е да се создаде платформа за добротворни цели којашто е долгорочно оддржлива, а не да заработуваат од неа“, стои во соопштението.

Fundraisers засега е достапен само на полнолетните корисници во САД, но во план е услугата да се прошири и во другите земји.