e – Tree: Соларно дрво “засадено“ во централна Франција

70

21-jpg1Фото: Sol – logic

Францускиот град Неверс доби соларно дрво со огромни квадратни листови што сончевата енергија ја конвертираат во струја, пишува Times of Israel.

Со помош на ова е – Дрво (е – Tree), случајните минувачи може да ги наполнат своите мобилни телефони, да добијат бесплатен интернет или да уживаат во сенката.

Неверс е првиот град во Европа што го доби ова соларно дрво, инаку иновација на израелската компанија Sol – logic. Првиот прототип на e – Tree беше претставен во Израел во 2014 година. Од тогаш, вакви соларни дрвја се “засадени“ во  градови во Израел и САД.