Пораст на трошоците во градежништвото во првиот квартал од оваа година

46

arhitekt-pixabay

Фото: Pixabay

Во првото тримесечје од 2017 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,5%, трошоците за материјали се повисоки за 3,2%, а трошоците за вработените се пониски за 5,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2017 година, во споредба со првото тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,7%, трошоците за материјали се повисоки за 1,6%, а трошоците за вработените се повисоки за 1,9%.