Фото: Pixabay
Трошоците на живот во мај оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,7%, додека цените на мало се повисоки за 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Пораст на трошоците на животот во мај 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 13,2%, свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 12,6%, сувото овошје и јаткастите производи за 2,5%, рибата и морските плодови за 1,3%, цигарите за 1,2%, месото за 1,1%, другите прехранбени производи за 0,6%, сушеното, соленото и чаденото месо и замрзнатото овошје за 0,5%, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук и алкохолните пијалаци за 0,3%.
Во мај, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 8,7%, болничките услуги за 1,2%, патниот сообраќај за 0,9%, накитот и часовниците за 0,8%, услугите за одржување и поправки на станот, услугите за рекреација и култура за 0,3%.
Намалување на трошоците на животот во мај 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај јогуртот за 1,2%, јајцата за 1,1%, млекото за 0,8%, изнутриците, другите преработки од месо, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7%, маслото и маснотиите за 0,3%, сирењата и урдата за 0,2%.
Исто така, во мај, намалување на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 4,9%, градините, растенијата и цвеќињата за 2%, течните горива за домаќинствата за 1,8%, средствата за чистење и одржување на станот, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1,1%, малите електрични апарати за 0,5%, пакет – туристичките аранжмани, услугите за сместување
и предметите за лична хигиена и здравје за 0,2%.
Трошоците на животот во мај 2017 година, во споредба со мај 2016 година, бележат пораст од 1,2%, а цените на мало се зголемени за 2,7%.