Мрежата на Македонски Телеком со 4G пристап насекаде низ Македонија

46

foto

Македонски Телеком постојано инвестира во својата инфраструктура со цел на своите корисници да им обезбеди стабилна мрежа и покриеност, без оглед каде и да се наоѓаат. Како резултат на тоа, корисниците на Телеком сега имаат 4G пристап насекаде низ Македонија, стои во соопштението.

Со цел да уживаат во најдобрата мрежа, компанијата на своите корисници им нуди двојно повеќе интернет во Smart постпејд и Magenta 1 тарифните модели. Понудата се однесува за сите нови корисници, за постојните постпејд корисници кои ќе обноват Договор за Доверба 24 или Доверба 12, како и за сите кои што ќе склучат нов Договор за Фамилијарен буџет.

Македонски Телеком, како што се наведува, останува фокусиран на корисниците да им овозможи врвни услуги и пристап до најдобрата мрежа. Во таа насока, компанијата ја разви мобилната апликација Telekom NetTest, којашто го мери квалитетот и брзината на мобилната мрежа во реално време. Апликацијата има за цел да обезбеди податоци со кои уште повеќе ќе се подобри мобилната мрежа на Телеком, а воедно и ќе го подобри корисничкото искуство.

Со Telekom NetTest, корисниците самоиницијативно ќе можат да ја измерат брзината на мобилниот интернет (ping, upload & download), да ја потврдат средината  каде се наоѓаат ( на отворено, затворено или се во движење) и да дадат оценка колку се задоволни од мобилниот интернет.

Апликацијата прави мерења исклучиво на мобилната мрежа, а тестирањата не одземаат од интернет сообраќајот вклучен во пакетот на корисникот. Telekom NetTest апликацијата може да се преземе на следниве линкови: за Android https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.telekom.cne.tmmk и за iOS https://itunes.apple.com/us/app/telekom-nettest/id1244391929?ls=1&mt=8.