Фото: Kickstarter
Eto е иновативен и патентиран систем што ја зачувува свежината и аромата на виното. Станува збор за иновативно шише во коешто може да се истури виното и херметички да се затвори. Во Eto виното може да стои и до 12 дена без да загуби од својот вкус и својства.
Eto овозможува херметичко затворање, го истиснува воздухот и го запира процесот на оксидација со што и виното го задржува вкусот.
Зад Eto стои истоимениот британски старт – ап, којшто ја постави иновацијата на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter од каде бара поддршка од 62.700 евра.