Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во април

43

nedvizen-imot-pixabay

Фото: Pixabay

Во април 2017 година се издадени 259 одобренија за градење, што е за 13,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.585.751.000 денари што е за 18,8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 159 (61,4%) се наменети за објекти од високоградба, 50 (19,3%) за објекти од нискоградба и 50 (19,3%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 259 објекти, на 154 (59,5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (40,5%) објекти, инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 919 станови со вкупна корисна површина од 70.571 метри квадратни.