Пораст на продажните цени на индустриските производи во април

44

industriski-proizvodi-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во април оваа година, се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а за 4,6% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во април 2017, во споредба со март 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,7% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%, а во секторот Преработувачка индустрија се на исто ниво.

Во април 2017, во споредба со април 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 21,4%, во секторот Преработувачка индустрија за 3,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3%.