Фото: Pandagreen.com
Кина ја добива првата соларна електрана во форма на панда. Станува збор за еколошко и енергетско решение на компанијата Panda green energy group, којашто е поставена во кинеската покраина Шанџи.
Инсталираната моќност на оваа креативна електрана е 100MW, од коишто во првата фаза 50MW се приклучени кон енергетската мрежа.
Електраната во форма на панда со целосниот капацитет ќе може да обезбеди 3,2 милијарди kWh електрична енергија за 25 години, што ќе значи заштеда на скоро една милијарда тони јаглен. Во исто време, ќе се спречи ослободување на над 2,74 милиони тони јаглерод диоксид во атмосферата.