ГТЦ за шест месеци прокнижи добивка од 1,8 милиони денари

20

gtc

Градски трговски центар (ГТЦ) во период од јануари до јуни оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во вредност од 1.836.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на ГТЦ достигна ниво од 25.041.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првата половина од 2017 година изнесуваа 95.531.000 денари, додека во првото полугодие од 2016 година, тие беа на ниво од 99.398.000 денари.

Основна дејност на компанијата е стопанисување со деловен простор во еден системски и функционално поврзан деловен објект во центарот на градот.