Прометот во индустријата во јуни оваа година, во споредба со истиот период лани, е зголемен за 9,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни 2017, во однос на јуни 2016 година, бележи опаѓање од 4,6%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 13%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи пораст од 1,2%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9,6%.
Според главните индустриски групи, прометот во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,8%, Капитални производи за 9,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,2%.
Прометот во индустријата во јуни 2017 година, во однос на мај 2017 година, е намален за 2,7%, додека во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на периодот јануари – јуни 2016 година, бележи пораст од 9,1%.