
Потрошувачките и станбените кредити, одобрени на физички лица, во јули бележат месечен раст од 1,1% и 0,5% соодветно, при годишен раст од 12% и 13,7%, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Кај автомобилските кредити, како што се наведува, продолжува надолниот тренд, при месечно и годишно намалување за 0,9% и 10,8% соодветно. Податоците покажуваат дека кредитите одобрени на кредитни картички имаат месечен раст од 0,2%, наспроти годишниот пад од 0,5%, додека кај негативните салда за тековни сметки е регистриран месечен и годишен раст од 1% и 4,5% соодветно.
Кај кредитите одобрени врз други основи во текот на јули е забележано месечно намалување од 0,6%, при годишен раст од 1,5%.











