Тајмиште од Кичево за шест месеци прокнижи добивка од 440.000 денари

25

tajmiste

Тајмиште од Кичево во периодот јануари – јуни оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 440.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, добивката на Тајмиште беше на ниво од 768.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со јуни оваа година изнесуваа 107.197.000 денари, додека истиот период во 2016 година имаа вредност од 145.134.000 денари.

Основни дејности на Тајмиште од Кичево се: рударски услуги, производство на жичани производи и угостителски услуги.