Rastiša – еколошки производ за одгледување растенија во домашни услови

160

rastisa-facebook

Фото: Facebook

Тихомир Ѓуриќ, Павле Влаховиќ и Предраг Станков од Зрењанин создадоа домашен сет за одгледување растенија под името Rastiša, пишува Bizilife.

Станува збор за еколошки производ за одгледување рукола, босилек и најразлични зачини во домашни услови. Rastiša е спој на рециклирање, органски семиња, градинарство и одгледување на сопствена храна.

“Почетен капитал, во смисла на старт – ап, немавме. Прво започнавме со саксија од рециклирана пластика, поточно од пластични капачиња. Кога бевме задоволни со производот, во однос на квалитетот и цената, порачавме пилот серија од 3.000 парчиња. Потоа, преминавме на набавка на земја и семиња. На крајот се случи дизајнот на кутијата, маркетинг и заштитно лого. Целиот процес на создавање на Rastiša траеше една година“, вели Ѓуриќ.