Citruspack – амбалажа за сокови од остатоци од цитрусни овошја

72

limoni-i-portokali-pixabay

Фото: Pixabay

Словенечката компанија за иновации Tecos во соработка со партнери од Белгија, Франција и Шпанија развиваат технологија со којашто ќе се произведува амбалажа за сокови од остатоци од цитрусни овошја, пишува словенечки Вечер.

Станува збор за проектот Citruspack, преку којшто ќе се произведува амбалажа за сок од кората и остатоците од лимони, портокали и мандарини, откако ќе се исцедат во индустриската преработка.

Главна цел на Citruspack е да се искористат најмалку 80% од нуспроизводот – отпадна суровина којашто останува од цитрусните овошја по производство на сокови.