Фото: Pixabay
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јули 2017 година, во споредба со јули 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8,6%, а реално за 6,9%) и Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 3,7%, а реално за 6,6%).
Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13,5%, а реално за 13,6%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 4%, а реално за 4,6%).