Добивка од 13.719.000 прикажа Аутомакедонија во временскиот период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во првото полугодие од минатата година, компанијата прикажа добивка од 19.381.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни 2017 година, изнесуваа 282.649.000 денари, додека една година претходно имаа вредност од 259.622.000 денари.
Основна дејност на компанијата е трговија на мало со делови и прибор за моторни возила.