Фото: Pixabay
Во јули оваа година се издадени 205 одобренија за градење, што е за 19,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.554.923.000 денари, што е за 55,1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 124 (60,5%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11,7%) за објекти од нискоградба и 57 (27,8%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 205 објекти, на 134 (65,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 71 (34,6%) објект инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 210 станови, со вкупна корисна површина од 19.748 метри квадратни.