Фото: Pixabay
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јули оваа година, се пониски за 0,7% на месечно ниво, а повисоки за 3,1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во јули 2017, во споредба со јуни 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,8%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%.
Во јули 2017, во споредба со јули 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 22,1%, во секторот Преработувачка индустрија за 1,7% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5%.