Шести годишен самит на Македонија 2025: Првокласен настан од глобален карактер

45

summit-photo-1

На први и втори ноември, Скопје ќе биде домаќин на Самит Македонија 2025. Самитот претставува динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, стои во соопштението.

На настанот ќе присуствуваат над 50 врвни говорници и публика составена од над 300 дипломати, директори, претприемачи, академици и млади лидери, кои ќе имаат уникатна прилика за вмрежување, размена на искуства, градење идни партнерства и соработка. Настанот стана водечка платформа во регионот, a Македонија препознатлива дестинација каде што можат да се слушнат последните светски трендови кои ја движат економијата.

Оваа година говорници на Самитот МК2025 ќе бидат: Суан Хианг Ли – Претседател на Бордот за економски развој во Сингапур; Вања Јосифовски – Главен технички директор на Pinterest; Алек Ицев – Инженерски менаџер во Google; Ацо Момчиловиќ од хрватската Римац Автомобили – Производител на најбрзите електрични автомобили во светот; Рубен Вардањан – Влијателен руско-ерменски претприемач, Тјаша Фицко – Заменик-градоначалник на Љубљана, како и многу други звучни имиња.

На првиот ден, познати менаџери, претприемачи, функционери и претставници од академската фела со публиката ќе ги споделат најдобрите практики, кои овозможија мали држави споредливи со Македонија да изградат одржливи економски модели за раст, а значително внимание ќе биде посветено и на глобалните економски трендови, предизвици и можности. Веќе вториот ден, успешни лидери ќе зборуваат за значењето на медиумите и телекомуникациската индустрија, одржливите извори на енергија, како и за развојот на паметните технологии во Македонија и во светот.

За да бидете дел од Самитот Македонија 2025, регистрирајте се на официјалната веб страна https://mk2025summit.com. Редовната регистрација е отворена до 25-ти октомври со поволности за мали и средни претпријатија. Доцната регистрација е предмет на достапност.