Нокиа ја затвори својата најголема продавница во Кина

43

nokia-store-shanghaiВо обид да ги намали трошоците и да се фокусира на други канали за продажба на своите уреди, Нокиа ја затвори својата најголема продавница во Кина.

“Нокиа ќе се фокусира на независни продавачи и мобилни оператори, отколку на тоа да се врзува за физички продавници. Секако, ќе продолжиме со нашето присуство онлајн, односно на Интернет продажба. Поради ова, решивме да ја затвориме продавницата во Шангај”, стои во соопштението на финскиот гигант.

Според некои проценки, финската компанија сега е на седмата позиција според продажба во Кина, освојувајќи само 3,7% од пазарот на паметни телефони во 2012 година. Анализите покажуваат дека во четвртиот квартал минатата година, приходите на Нокиа на кинескиот пазар паднале за 79% во однос на една година претходно, на 280,7 милиони долари.

Најголемата продавница на Нокиа е отворена во Шангај, во 2007 година и во тоа време беше најголема продавница на оваа компанија во светот.