Фото: Pixabay
Во трговијата на мало, во август 2017 година, во споредба со август 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 9,8%, а реално за 7,9%) и Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 7,4%, а реално за 11,1%), а во групата Трговија на мало, освен трговија со горива, прометот e номинално зголемен за 0,4%, а реално е намален за 0,5%.
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 7,2%, а реално за 6,8%).