Просечната малопродажна цена на струја за домаќинствата е 5.017 денари

47

sijalici-pixabay

Фото: Pixabay

Во првото полугодие 2017 година во Република Македонија, просечната малопродажна цена на eлектричната енергија за домаќинствата изнесува 5.017 денари по KWh, што претставува пад од 1,3% во споредба со второто полугодие во 2016 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата се движи од 3.417 до 8.084 денари по KWh по групи потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата се движи од 15.709 до 22.673 денари по nm3 по групи потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува 31.464 денари по nm3.