Фото: Be My Eyes
Данската старт – ап компанија Be My Eyes разви апликација што ги поврзува лицата со оштетен вид со помошници од целиот свет преку видео врска во живо. Апликацијата Be My Eyes, којашто се појави пред две години беше достапна само за корисници на iOS уреди, а сега може да ја користат и сопственици на мобилни телефони со Android оперативен систем.
Станува збор за апликација што ги поврзува лицата со оштетен вид со волонтери кои немаат проблеми со видот. Кога на лицето со оштетен вид ќе му биде потребна помош, ја бара преку видео или аудио повик со волонтери, а апликацијата одбира волонтер од базата, кој е достапен.
Повеќето повици се одговараат во рок од 45 секунди, а корисниците може да побараат помош на нивниот мајчин јазик 24 часа на ден, пишува Newscenter.
За да може да ја користат лицата со оштетен вид и волонтерите мора да поминат низ процес на регистрација, а апликацијата е бесплатна и може да се преземе од Google Play и App Store.