Фото: Pixabay
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2017 година е еднаков како и во второто и изнесува 10,9%, а зголемен е за два процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје.
Очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се намали во наредните три месеци. Оценката за економската состојба во третото тримесечје од 2017 е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на третото тримесечје од 2016 година. Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е поповолна, додека оценката за финансиската состојба е
понеповолна во однос на претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.
Најголемо влијание врз ограничувањето на подобрувањето на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 22,6%, нема побарувачка со 16,8%, конкуренција во сопствениот сектор со 14,5% и зголемени финансиски трошоци со 12,8%.