Тест возење на отворено за сите љубители на Volvo XC60

44

volvo-4

Сите љубители на скандинавскиот премиум автомобилски бренд Volvo, денеска имаа можност да го искусат и подобро да се запознаат со втората генерација на најпродаваното СУВ во Европа, сигурно, инспиративно и исклучително безбедното возило – Volvo XC60, стои во соопштението.

На денешното тест возење, што се одржа пред кафе бар Круг, на граѓаните за возење им беа достапни четири луксузни опремени примероци возила Volvo XC60.

“Целта на Volvo Адриа групацијата (Volvo Car Adria Group) е граѓаните, од прва рака, да ги почувствуваат безбедноста, технологијата и луксузот што ги нуди овој најпрогресивен автомобилски бренд во светот. Затоа, одлучивме да организираме тест возење на отворен простор каде што секој уживаше во можностите кои го олицетворуваат брендот Volvo“, изјавиja претставниците на VCAG.

Првиот човек на Ми – Да Гранд Моторс, Дритон Заири, повторно изјави дека сé што се прави во Volvo започнува со луѓето.

“Безбедноста, сигурноста и грижата за околината се вткаени во овој бренд. Оваа втора генерација е израз на она за што се залагаме Иднината на безбедноста. Volvo XC60 е создаден е со идејата да ги заштити сите патници во него, но и сите во непосредна близина“, потенцираше Заири.