Фото: Pexels
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, вкупното бруто – примарно производство на енергија во Република Македонија изнесува 1.265.473 toe или 47,25% од вкупно потребната енергија.
Вкупната потребна енергија за 2015 година изнесува 2 678.170 toe.
Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2015 година се: сообраќајот со 31,96%, домаќинствата со 27,77% и индустријата со 24,79% (од расположливата финална потрошувачка).