Намален бројот на одобренија за градење во септември

35

gradeznici-pixabay

Фото: Pixabay

Во септември оваа година се издадени 222 одобренија за градење, што е за 25,3% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.575.789.000 денари, што е за 29,7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 141 (63,5%) е наменето за објекти од високоградба, 18 (8,1%) за објекти од нискоградба и 63 (28,4%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 222 објекти, на 162 (73%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 60 (27%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 665 станови, со вкупна корисна површина од 55.192 метри квадратни.