Фершпед прокнижи добивка од 82,9 милиони денари за девет месеци

40

fersped

Група Фершпед, во период од први јануари до 30-ти септември, оствари вкупна сеопфатна добивка од 82.954.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од 2016 година, компанијата прикажа загуба од 2.479.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, на крајот на септември, достигнаа вредност од 2.666.010.000 денари. На домашен пазар реализацијата достигна 2.438.799.000 денари, додека на пазари во странство продажбата беше 227.211.000 денари.

Основна дејност на компанијата е меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта, а се занимава и со меѓународна трговија, брокерство, банкарство, хотелиерство, винарство и игри на среќа преку купување акции во тие дејности.