Промет во трговијата на мало во октомври

47

evra-noz-i-viluska-pixabay

Фото: Pixabay

Во трговијата на мало, во октомври 2017 година, во споредба со октомври 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 5,2%, а реално за 3,5%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 10,1%, а реално за 6,6%).

Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 11,2%, а реално за 9,8%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 4,1%, а реално за 4,8%).