Што е drop shipping?

1771

Drop shipping претставува посебен трговски модел со којшто купувачот му плаќа на посредникот за посакуваниот производ, кој порачката ја проследува до производителот којшто го испорачува производот до крајниот корисник. Заработката на посредникот е разликата во цената што од една страна ја плаќа крајниот корисник и онаа што ја нуди производителот.

Една од главните предности на овој модел е во тоа што посредникот во физичка форма не ги поседува производите, туку ги порачува од производителот или друг продавач. Посредникот, во drop shipping моделот, има интернет страница на којашто нуди најразлични производи што може да се порачаат. Посредникот ги нема производите на лагер, нема потреба да инвестира во магацински простор и најмногу се занимава со дигитален маркетинг.

Но, drop shipping може да биде лесна цел на онлајн измами. Еден од најважните фактори за успех на drop shipping е спроведување на квалитетно истражување. Најпрво мора да се направи истражување на пазарот за да се утврди побарувачката за одреден вид на производи. Потоа, се создава листа на производи од коишто може да се оствари заработка преку онлајн продажбата.

Фото: Freepik