Непроменети цени на угостителските услуги во ноември

41

restoran-pexels

Фото: Pexels

Цените на угостителските услуги во ноември оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групите на услуги, зголемување е забележано во групата Безалкохолни пијалаци за 0,1%. Цените на угостителските услуги во ноември 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,8%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,7%, додека во однос на декември 2016 година се зголемени за 0,5%.