Намален индикаторот на доверба во градежништвото во последното тримесечје од 2017 година

48

gradezen-plan-i-moliv-pexels

Фото: Pexels

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2017 година е помал за 0,1 процентен поен во однос на третото тримесечје, а е зголемен за 0,7 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се понеповолни во однос на претходното тримесечје. Очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголеми во наредните три месеци.

Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2017 е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2016 година. Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е поповолна, додека оценката за финансиската состојба е понеповолнa во однос на претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 19,8%, нема побарувачка со 15%, конкуренција во сопствениот сектор со 11,4% и зголемени финансиски трошоци (камати) со 11,2%.