Фото: Pixabay
Прометот во индустријата во ноември лани, во однос на истиот период во 2016 година, е зголемен за 2,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2017, во однос на ноември 2016 година, бележи опаѓање од 7,2%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 4,9%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи пораст од 5,4%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6%.
Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4 и Капитални производи за 4,6%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,5%.
Прометот во индустријата во ноември 2017 година, во однос на октомври 2017 година, е непроменет, додека во периодот јануари – ноември 2017 година, во однос на периодот јануари – ноември 2016 година, е зголемен за 6,3%.