Фото: moremoney.me
More money претставува платформа што користи вештачка интелигенција за пружање паметни совети за донесување одлуки поврзани со управување со лични финансии.
Овој црногорски старт – ап користи интерактивна текстуална комуникација со своите корисници. На пример, корисникот испраќа прашања, на коешто добива одговор во пишана форма како од неговиот пријател.
Благодарение на вештачката интелигенција, апликацијата овозможува и говорни команди, па што и да побара корисникот – апликацијата ќе му одговори. Преку платформата More money, корисникот може да сподели било каков деловен документ, којшто потоа се анализира во целост. Апликацијата ги одвојува неопходните информации, ги сумира податоците и на крајот дава финансиски совет.