Македонски железници ќе се модернизира

44

trainФото: Pixabay

Македонски железници ќе набави хардвер за новиот систем за управување со енергија. Системот прецизно ќе ја определува потрошувачката на енергија од МЖ, со што во иднина би можело да се намалат трошоците на оваа државно претпријатие. Ќе се набавува информатичка опрема, решенија во подвижни електрични уреди, подвижни дизел уреди, фиксни електрични уреди и решенија за фиксни дизели уреди што ќе бидат во сопственост на двете железнички претпријатија, информираат од Македонски Железници.

Компаниите што се заинтересирани да се вклучат во тендерот и да го имплементираат идниот интегриран систем за управување со енергијата, имаат рок за доставување на понудите најдоцна до 21 март.

За остварување на милионската зделка предвидено е да се употребат дел од средствата од заемот од Европската банка за обнова и развој.