Поранешни вработени од Google и Facebook во борба против зависноста од технологијата

41

google-facebookФото: Pexels

Поранешни вработени во Google и Facebook ќе се борат против темната страна на технологијата вршејќи притисок врз интернет компании да ги променат алатките што предизвикуваат зависност од интернет, објави Money CNN.

Кампањата ќе има за цел да ги едуцира и информира корисниците за зависноста која ја предивикува модерната технологија, а фокусот ќе биде ставен на децата од основните училишта.

ИТ компаниите намерно ги дизајнираат нивните платформи и апликации за луѓето што подолго време да поминуваат на истите, а со текот на времето и да развијат зависност, предупредуваат организаторите на кампањата, потсетувајќи дека не се против техонолгијата, туку против нејзина злоупотребата, неизбалансирано користење и манипулирање со информации.

Дополнително, кампањата ќе ги едуцира и вработените во ИТ секторот како подобро да ги креираат своите продукти за да не нанесат штета на човештвото.