Фото: Pexels
Супермаркет од Нов Зеланд ги ифрли од употреба пластичните кеси, како дел од проектот Food in the Nude, или голо овошје, пишува Inhabitat. Симболичното име стои зад намерата на сопственикот да придонесе за животната средина.
За таа цел New World Bishopdale инсталираше систем на ладење на самите полици каде што стојат намирниците. Според сопственикот Најџел Бонд, кој 30 години го работи овој бизнис, досега не наишол на толку позитивни критики од клиентите.
За да останат свежи и да ја задржат својата текстура и боја овошјето и зеленчукот тие редовно се прскаат со вода. Ланецот на супермаркети New World со надева дека овој проект ќе помогне да се исфрлат од употреба сите пластични кеси од нивните продавници до крајот на годинава.