Kombuis – преносен сет за брзо и лесно готвење во природа

322

7e07fe348b35ccea519062b20c4afcee_originalKombuis е преносен мини готвач што истовремено е дрвен шпорет, тенџере и тава и е одлично решение за пикник или кампување во природа. Производот е дело на белгискиот дизејнеро Арно Десин и тежи само еден килограм. Погоден е за готвење на било каква храна.

Мини сетот не користи никакви батерии, а функционира едноставно со палење на оган и додавање на гранчиња дрво по потреба. Со него добивате три фунцкии во едно пакување – тенџере за варење, тава за пржење којашто истовремено служи и како капаче кога треба да се исцеди вишокот на вода.

Kombuis е изработен од нерѓосувачки челик. Неговата висна изнесува 16, а ширината е 12 сантиметри.

Производот има и своја кампања на Kickstarter, каде досега има собрано 57.465 долари, од потребните 36.997 долари, а кампањата трае уште 15 дена. Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.