Мобилна канцеларија на сончева енергија

48

На последниот фестивал за дизајн во Мадрид Enorme Studio и Mini ја претставија својата мобилна канцеларија, којашто воедно функционира и како урбана лабораторија.

Наречена е Montaña en la Luna (Планина на Месечината), а структурата се состои од застаклена канцеларија со подигнат покрив, којшто е во комбинација со подвижни дрвени конструкции.

Постои простор за седење, но и за релаксирање оплеменет со зелени површини растенија, исто како на планините.

Внатрешноста на канцеларијата вклучува бироа наредени во една линија каде што може да се работи, но има и зона за приватност, одмор и релаксација.

Бироата располагаат со USB портови, за да може да се пристапи до Интернет. Инаку, целата канцеларија за своите потреби се напојува со соларна енергија.

Фото: Enorme studio