Компанијата Circular Systems S.P.C која се бави со научно истражуавње на материјалите создаде нова технологија со којашто отпадот од храна го претвара во природни влакна, од кои подоцна се произведуваат материјали за изработка на облека, пишува Inhabitat.
Agraloop Bio Refinery технологијата користи отпад каков што е кора од банана, лисја од ананас и стебленца од коноп и преку систем на регенерација којшто се потпира на растителна хемија и енергија генерирана од самите растенија, ги надградува природните влакна претварајќи ги во висококвалитетни природни материјали.
Според компанијата, овие отпадни материи, вклучувајќи ги и шеќерната трска и дршките од лен, може да генерираат до 250 милиони тони влакна секоја година, ако бидат обработени преку Agraloop, а тоа е два и пол пати повеќе од глобалната побарувачка за влакна.
Комапанијата понатаму ги охрабрува и земјоделците да инсталираат сопствени Agraloop системи, така што ќе можат да заработат и дополнителен приход од создавање природни, одржливи влакна од материјали кои инаку би ги компостирале.
Agraloop е нова технологија, меѓутоа нејзините корени водат потекло од минатото на индустријата за облека. Во 1960 година, 97 % од влакната што се користат за производство на облека доаѓаа од природни извори, денес, само 35 % се од природно потекло.
Инаку за оваа технологија, компанијата Circular Systems S.P.C е добитник на наградата Global Change Award 2018.
Фото: Circular Systems