Новата технологија на Volvo ќе овозможи возилото да се управува и спиејќи

58

Volvo има нова цел со својот популарен XC90 теренец, односно шведската компанија сака да го унапреди полуавтоматски процес на возење со воведување на четврто ниво на технологијата за автономно возење, пишува Engadget.

Така XC90 ќе може самостојно да вози дури и додека патниците спијат, на ограничен број патишта и благодарение на технологијата Highway Assist. Инаку оваа автопилотската функција е достапна и во моменталните модели на шведскиот теренец.

Автомобилите ќе користат информации од сателитите за навигација, како и радари и вградени камери, а исто така ќе можат да се справат и со вонредни ситуации самостојно, наместо да бараат асистенција од возачот, што значи тој едноставно може и да си спие, дури автомобилот вози.

Според најавите од компанијата, оваа новина може да биде достапна за потрошувачите во 2021 година.

Во моментов и германските автомобилски гиганти, BMW и Audi работат на технологија за донесување на автономните возила на ниво 3 на јавните патишта, но она што Volvo го заговара е технологија на четврто ниво кое е далеку понапредно.

Сè уште не е јасно колку оваа технологија ќе чини и кога конечно ќе биде подготвена, иако амбициозно е најавена за 2021 година. Се разбира тука се и федералните и државните регулатори кои сите овие иновации треба да ги одобрат.

Фото: Volvo