Белград наскоро ќе отпочне со првата фаза за изградба на метро, пишува BiznisInfo.
Според планот којшто бил усвоен со мнозинството гласови на заседанието на Градскотo собрание, метрото ќе се гради во фази, а почетокот е планиран за 2020 година.
Српската метропола ќе добие две линии метро и четири линии надземен воз коишто ќе бидат интегрирани во еден систем. Тоа би значело поврзување на Лазаревац и Младеновац, и проширување на возните линии до Сурчин и аеродромот. Во склоп на целиот систем ќе се прошируваат и трамвајските линии кон Земун и тоа преку централните подрачја на градот.
Првичните проценки велат дека изградбата на првата линија на метрото ќе чини 1,3 милијарди евра, а вкупната вредност на целиот проект е проценета на околу 4 милијарди евра.
Фото: Pixabay