Индекси на цените на производителите на индустриски производи на странски пазари за мај

56

Државниот завод за статистика го објави податоците за индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, за мај 2018 година и тие се пониски за 1,0% во однос на претходниот месец. Додека, пак, истите индекси во однос на мај 2017 година бележат раст за 0,8%.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари на месечно ниво се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,2 %, додека во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,1 %.

Споредбата на годишно ниво покажува дека продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки и во секторот Рударство и вадење на камен и тоа за 7,0 %, и во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 %.